Јапонија денеска беше погодена од серија земјотреси

Од:

Јапонија денеска беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на тој земјотрес бил на полуостровот Ното во префектурата Ишикава, која се справува со последиците од разорниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија и како резултат на кој загинаа најмалку 57 лица, јавува јапонската телевизија NHK.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека нема закана од цунами.

Во меѓувреме, Администрацијата за геопросторни информации на Јапонија соопшти дека движењето на тектонските плочи е забележано низ полуостровот Ното.

Во западниот дел во градот Ваџима е забележано движење до три метри, а во северните до еден метар.

Засега не може да се утврди во која насока се движеле тектонските плочи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси