Јалон: Ќе се прошири израелската воена операција

Од:

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон денеска најави дека израелската воена кампања против Хамас во Појасот Газа ќе се прошири во следните денови.

– Ги продолжуваме нападите со кои се наплаќа висока цена од Хамас. Уништуваме оружје, терористичка инфраструктура, командните и контролните системи, институции, владини згради, куќи на терористи и убиваме терористи, наведе Јалон.

Тој додаде дека „таквата активност ќе продолжи и ќе ескалира“.

– Од наша гледна точка тоа е кампања која нема брзо да заврши и мораме да бидеме трпеливи и цврсти. Цврсто ќе продолжиме со ударите врз Хамас и терористичките органзиации, од воздух, од море и од копно за да осигураме безбедност на граѓаните на Израел, посочи Јалон.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници