Јакнењето на врските со африканските земји е приоритет за Русија, вели Путин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес за време на разговорот со потпретседателот на Јужна Африка, Пол Машатиле, изјави дека зајакнувањето на врските со африканските земји е приоритет за Русија.

За време на разговорот со Машатиле, во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин рече дека односите меѓу Русија и Република Јужна Африка се развиваат успешно, пренесува РИА Новости.

„Односите меѓу Русија и Република Јужна Африка успешно се развиваат врз основа на принципите на сеопфатно стратешко партнерство, еднаквост и меѓусебно почитување“, рече Путин.

Путин, исто така, рече дека е во постојан контакт со претседателот на Република Јужна Африка, Сирил Рамафоса.

Претходно, Путин одржа целосни разговори со индонезискиот претседател Прабово Субианто.

Би можело да ве интересира

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски