„Јаху“ најверојатно тајно снимал и-мејл пораки во корист на Владата на САД

Од:

Американската компанија Јаху тајно скенирала милиони и-мејл налози на свои корисници за потребите на американската влада.

Јаху направиле специјален софтвер лани за да одговорат на доверливото барање на американската влада.

– Јаху е компанија што почитува закони и се потчинува на закони на САД, наведува таа компанија во соопштение доставено до Би-Би-Си.

Најновите наводи на сметка на Јаху следуваат десетина дена откако компанијата соопшти дека хакери украле податоци на голем број нивни корисници.

Едвард Сноуден поранешен американски разузнавач на тие непотврдени наводи реагираше на Твитер.

– Дали го користите @Јаху? Тие тајно скенирале се што некогаш сте напишале… затворете го својот налог уште денеска, напиша тој на Тивтер.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД