Јацењук и Бридлав разговараат за ситуацијата во Украина

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук и командантот на воените сили на САД во Европа и главен командант на вооружените сили на НАТО генерал Филип Бридлав разговараа денеска за ситуацијата во Украина, јави ТАСС.

Јацењук и Бридлав разговараа за воено-техничката соработка меѓу Украина и Алијансата, како и за поддршката за реализација на реформите во сферата на одбраната.

На средбата Јацењук ја потврдил подготвеноста на Киев за проширување на формата на соработка со НАТО, додека Бридлав дал висока оценка за украинско-американските односи во воено-техничката сфера.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион