Украинскиот премиер Арсениј Јацењук го повика Западот да не ги укинува санкциите кон Русија, се додека Украина во целост не го поврати територијалниот интегритет.
– Повикуваме да не бидат укинати санкциите, се додека Украина не ја поврати контролата над целата своја територија, истакна Јацењук пред Генералното собрание на ОН, повторно осудувајќи ја „руската инвазија во источна Украина“.
Украина е приврзана кон зачувување на безнуклеарниот статус, но има потреба од гаранции за зачувувавње на територијалниот интигритет, безбедноста и нзависност додаде Јацењук, на општата политичка дискусија за време на 69. сесија на Генералното собрание.