Ја избоде сопругата 100 пати, па си го уби синот и неговото тело го фрли на алигатори во езеро

Од:

Детето од Флорида, Тејлен Мозли (2), кое минатиот месец беше пронајдено во вилиците на алигатор, го удавил неговиот татко, кој потоа го фрлил на алигатори во блиското езерото, потврди полицијата.

Тејлен Мозли беше пријавен за исчезнат на 30 март, откако неговата мајка Пашун Џефри (20) беше пронајдена мртва во нивниот стан со 100 убоди.

Полициско одделение во Флорида веднаш започна потрага по момчето. Истрагата заврши само еден ден подоцна со пронаоѓање на двегодишното дете во вилиците на рептилот. Телото на Тејлен беше пронајдено на 31 март.

Инаку, езерото Маѓоре е оддалечено речиси 18 километри од станот на неговата мајка, соопшти полицијата. Во потрагата по момчето учествуваа кучиња, дрон и федерални и државни агенции.

Полицијата го застрела алигаторот, кој потоа го исфрли телото на момчето, но обдукцијата потврди дека момчето почина откако се удави во езеро во близина на станот на Пашун, пишува Дејли Стар.

Началникот на полицијата Ентони Холовеј го коментираше страшното откритие:

„Исчезнатото дете е пронајдено во алигаторот, додека мајката е избодена до смрт. Таткото е обвинет за убиство. Жал ни е што мораше да заврши вака“, изјави началникот на полицијата.

„Истрагата е во тек и продолжуваме да ги оценуваме сите информации што ги добивме“, се вели во соопштението на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија