Извршена смртната пресуда врз организаторот на бомбашките напади во Мумбај во 1993 година

Од:

Организаторот на бомбашките напади во Мумбај во 1993 година, Јакуб Мемон беше обесен откако индискиот претседател не го одложи извршувањето на пресудата, јави ДПА.

Мемон беше обесен во затвор во централниот индиски град Нагпур заради улогата во најкрвавиот терористички напад во историјата на Индија.

Тој беше обвинет дека ги финансирал бомбашките напади и судот во Мумбај го осуди на смрт во 2007 година.

Серија од 13 експлозии го потресоа Мумбај на 12 март 1993 година во кои загинаа 257 луѓе и ранети беа околу 700.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Израелската авијација го пустоши Либан, копнената инвазија е неизбежна, следува хаос