Портпарол на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, се извини откако по грешка испрати соопштение во кое семејството Буш изразува сочувство заради наводната смрт на Нелсон Мандела.
Џим Мекграт објасни дека подготвувал соопштение во кое Буш изразува „жалење“ заради смртта на Мандела, и го објавил откако погрешно прочитал флеш-вест на Вашингтон пост за тоа дека поранешниот претседател на Јужна Африка е отпуштен од болница.
Мандела (95) во неделата се врати во својот дом во Јоханесбург по тримесечна хоспитализација заради респираторна инфекција. Мекграт на Твитер напиша дека грешката е негова, а не на семејството Буш.