Известувач на ОН бара од Трамп да го помилува Џулијан Асанж

Од:

Известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер денеска испрати отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трамп и го замоли да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, бидејќи тој не е „непријател на американскиот народ“.

– Ве молам ослободете го Асанж, бидејќи тој не е и никогаш не бил непријател на американскиот народ. Неговата организација Викиликс се бори против тајноста и корупцијата низ целиот свет и на тој начин дејствува во јавниот интерес и на американскиот народ и на целото човештво, напиша Мелцер.

– Со помилување на Асанж, господине Претседател, ќе испратите јасна порака за правда, вистина и хуманост до американскиот народ и целиот свет. Вие ќе рехабилитирате еден храбар човек кој бил подложен на неправда, прогон и понижување повеќе од една деценија, само затоа што ја кажал вистината, наведува тој во писмото.

Британскиот суд закажа за 4 јануари донесување одлука за американското барање за екстрадиција на Асанж. САД сакаат да му судат поради објавување стотици илјади доверливи документи.

Додека ја чека судската одлука, основачот на Викиликс е затворен во лондонскиот затвор Белмарш, каде, според Мелцер, се лоши условите.

Мелцер нагласи дека го посетил Асанж во затворот заедно со двајца независни доктори и потврди дека неговото здравје е толку влошено, што животот му е во опасност.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД