Израелските војници убија припадник на Хамас

Од:

Израелските војници убија припадник на исламистичката група Хамас за кој војската соопшти дека е меѓу напаѓачите кој фрлил бомби на воена станица на окупираниот Западен Брег. Армијата соопшти дека нападот бил во близина на градот Псагот.

„Војниците кои вршеа рутински активности на местото на настанот ги идентификуваа осомничените и одговорија на нападот. Двајцата напаѓачи се неутрализирани и пренесени на лекување“, извести израелската армија.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден од мажите подоцна починал од раните. Хамас, кој го контролира Појасот Газа, но има силна поддршка и на Западниот Брег, изјави дека убиениот е нивен член.

Насилството на Западниот Брег трае повеќе од една година, во услови на зголемени напади на израелската војска и доселениците врз палестинските села и серијата палестински напади врз Израелците.

Би можело да ве интересира

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца, загинаа во израелските напади врз Газа

Нетанјаху сака да го испрати шефот на Мосад во Доха на преговори

Хамас се согласи да ги одложи отворените прашања во преговорите за подоцнежна фаза

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

ВИДЕО: Хамас објави ново видео од заложничка, во Израел големи протести