Израелските ултранационалисти планираат марш во Ерусалим и покрај забраната

Од:

Група израелски ултранационалисти соопштија дека планираат марш низ палестинските територии во Стариот град на Ерусалим, и покрај полициската забрана за маршот што предизвика војна минатата година меѓу Израел и Хамас, кој управува со Појасот Газа.

Утрово, мала група палестински демонстранти фрлаа камења врз полицијата додека стотици еврејски посетители влегоа во храмот, во кој се наоѓа џамијата Ал Акса. Евреите го нарекуваат ова светилиште Ридот на храмовите, бидејќи таму биле нивните древни храмови и тоа е најсветото место во јудаизмот.

Полицијата ги растерала Палестинците, користејќи проектили со сунѓер на врвот. Дел од демонстрантите се забарикадираа во џамијата, а полицијата соопшти дека од таму била испукана петардата, дека бил запален тепихот пред црквата, но пожарот брзо бил изгаснат и нема информации за повредени, пренесува Бета.

Израелската полиција соопшти дека нивните засилени сили се распоредени околу Стариот град, дом на еврејски, христијански и муслимански свети места, поради загриженоста дека судирите би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите во Ерусалим во време кога Евреите ја слават Пасха, а муслиманите светиот месец Рамазан.

Палестинските екстремистички организации синоќа објавија дека „ја зголемуваат состојбата на општа подготвеност“ и ги предупредија израелските радикали да не организираат марш.

Полицијата соопшти дека не го одобрува протестниот марш, но не навлегува во детали и денеска не може да се дознае дали маршот ќе биде целосно забранет или ќе се маршира по дозволена рута.

Во слични околности минатата година, палестинските екстремисти од Појасот Газа истрелаа ракети во правец на Ерусалим за време на таканаречениот марш на знамето на израелските националисти во Стариот град, а потоа изби 11-дневната војна.

Тензиите меѓу двете нации се зголемија во последните недели по серијата смртоносни напади во Израел во кои загинаа 14 луѓе и воените операции на Западниот Брег.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски