Израелските сили во состојба на готовност, ден по терористичкиот напад во кој загинаа четири лица

Од:

Израел ја зголеми борбената готовност на оружените сили во јужниот дел на земјата и на палестинските територии после вчерашниот напад во Бершеба во кој загинаа четири лица.

Властите во Тел Авив стравуваат дека припадници на одредени радикални групи би можеле да се обидат да извршат сличен напад како вчерашниот, јави израелската државна телевизија.

Четири лица, двајца мажи и две жени загинаа, а уште две жени се повредени во вчарашниот напад на поддржувач на терористичкото движење Исламска држава во јужниот град Бершеба. Прво напаѓачот со автомобил преглазил велосипедист, за потоа да излезе од возилото и со нож да нападне минувачи во трговски центар, пред да биде застрелан.

Станува збор за еден од најтешките напади со израелски жртви последниве години.

Последните неколку месеци забележани се зачестени напади на Палестинците на Западниот Брег и во источниот дел на Ерусалим. Во акции на Израелцитеубиени се и неколку Палестинци.

Портпаролот на исламистичката група Хамас што го контролира Појасот Газа изрази поддршка на вчерашниот напад.

Израел ги освои Западниот Брег на реката Јордан и Источен Ерусалим за време на Шестдневната војна во 1967 година. Оттогаш владеат непријателствата меѓу Израелците и Палестинците кои ги бараат назад своите територии за посакуваната држава Палестина чиј главен град би бил токму Ерусалим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски