Израелските сили убија палестински вооружен маж за време на рација што предизвика судири во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, соопштија медицински претставници и милитантни групи.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека еден од вработените исто така е тешко повреден, пренесе Ројтерс.
32-годишниот кој загинал бил висок оперативец во Бригадата на мачениците Ал Акса, вооруженото крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, изјавија неговите роднини.
Израелската војска соопшти дека во војниците било пукани и дека одговориле додека апселе осомничени членови на фракцијата Исламски џихад поддржан од Иран.
Во акцијата биле запленети еден пиштол и десетина бомби, а еден војник е полесно ранет, се наведува во соопштението на армијата.
Ситуацијата на Западниот Брег се влоши во изминатите 15 месеци со зголемени израелски напади, палестински улични напади и напади од еврејски доселеници врз палестинските села.