Израелските сили го уапсија гувернерот на Ерусалим Аднан Гаит, соопшти неговата канцеларија, пренесе Бгнес.
– Гувернерот е приведен од разузнавачката служба во неговиот дом во градот Силван во источен Ерусалим, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот, кое го цитира турската телевизија „A Њуз“.
Израелската полиција не ги објасни причините за апсењето.
Во последниве години, израелските сили го приведоа Гаит десетици пати, повеќето од нив на кратки периоди до неколку часа. Исто така, му беше забранет влез на Западниот Брег.
Извор: МИА