Израелскиот министер за одбрана побара прогласување на две ултрадесничарски организации како терористички

Од:

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека две ултрадесничарски екстремистички организации чии членови учествувале во немирите за време на прославата на Денот на Ерусалим треба да бидат ставени надвор од законот и прогласени за терористички. Ганц изјави дека фудбалските хулигани од „Ла Фамилија“ и членовите на организацијата „Лехава“ ги предводеле нападите врз Палестинците во неделата и извикувале расистички пароли додека минувале низ муслиманскиот кварт во Стариот дел на Ерусалим.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет, лидер на десничарската партија Јамина (Десно), ја осуди групата екстремисти одговорни за насилството и рече дека тие треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Министерот за надворешни работи Жаир Лапид, лидерот на партијата на центарот Јеш Атид (Има иднина), оцени дека прославата ја нарушиле групи како „Ла Фамилија“ и „Лехава“.

„Наместо среќен тие се обидоа да го претворат во ден на омраза. Овие луѓе не се патриоти“, рече Лапид, додавајќи дека „Ерусалим заслужува подобро“.

Двете организации со години наназад се вмешани во насилства врз Арапите.

„Ла Фамилија“ е составена од навивачи на фудбалскиот тим „Беитар“ од Ерусалим, но тој тим неколку пати се оградуваше од групата, меѓу другото и поради отворената расистичката реторика.

„Лехава“ е антихомосексуална организација и нејзините членови често вршат напади врз ралигиозни објекти и училишта што ги посетуваат и Арапи и Евреи. Таа е инспирирана од учењето на покојниот рабин Меир Кахана, чија антиарапска организација беше прогласена за терористичка откако еден од нејзините следбеници уби 29 муслимански верници за време на молитва во џамија во Хеброн во 1994 година.

„Како министер за одбрана верувам дека е дојдено време да размислиме за прогласување на организации како Ла Фамилија и Лехава за терористички“, ја пренесуваат изјавата на Ганц израелските медиуми.

Водачот на „Лехава“, Бенси Гопштајн, ја осуди изјавата на Ганц изјавувајжи дека организацијата ќе го надживее.

Тој потсети дека Ганц го примил палестинскиот претседател Махмуд Абас во својот дом и дека не презема ништо против Арапите, за кои рече дека секојдневно поттикнуваат насилство во светилиштето во Ерусалим.

Според проценките на полицијата, околу 70 илјади Израелци учествувале во таканаречениот Марш на знамето одржан во неделата по повод Денот на Ерусалим, празникот кога се прославува освојувањето на источниот дел на градот во Шестдневната војна во 1967 година. За време на маршот што Палестинците го сметаат за провокација бидејќи планираат источен Ерусалим да биде главниот град на нивната идна држава, членовите на „Ла Фамилија“ и „Лехава“ извикуваа „Смрт за Арапите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски