Израелски војник убиен на Западниот Брег

Од:

Израелски војник е убиен денеска од палестински снајперист при судири во градот Хеброн на Западниот Брег, соопштија Вооружените сили на Израел.

Судирите избувнале кога локални Палестинци започнала да фрлат со камења кон израелски војници кои ги обезбедувале околу 11.000-те Израелци кои по повод еврејскиот празник Сукот дојдоа во посета на Гробницата на Аврам, што се наоѓа во делот од Хеброн под контрола на Израел.

За време на судирите еден војник, кој го обезбедувал контролниот пункт во близина на Гробницата, бил застрелан во вратот и веднаш пренесен во болница во критична состојба, каде им подлегнал на повредите.

Согласно договорот од 1997 година, Хеброн е поделен на делови под контрола на изралеските и палестинските сили.

Израелската армија воведе полициски час додека го претресува градот, со цел да ги пронајде извршителите на нападот.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски