Израелски војник се води како исчезнат во Појасот Газа

Од:

Еден израелски војник се води како исчезнат и за него се претпоставува дека е убиен во појасот Газа, јавуваат израелските медиуми, повикувајќи се на воени извори.

Според израелската војска, се настојува да се идентификува еден од седумината израелски војници кои беа убиени во борбите во неделата, во реонот на Шејаија, во близината на Газа Сити.

Сите војници загинале кога нивниот воен транспортер бил нападнат со силен оган.

Воените власти уверуваат дека идентификацијата на шестмина од убиените војници е завршена,а сега се настојува тоа да се направи и со седмиот војник.

Хамас во неделата соопшти дека неговите припадници успеале да киднапираат еден израелски војник кого, наводно го чуваат како заробеник.

Ваквото соопштение предизвика „воодушевеност кај Палестинците во појасот“ што беше одбележано со голем број истрели во воздухот.

Израел меѓутоа ги отфрли таквите тврдења како „целосно невистинити“ инсистирајќи дека нема заробен израелски војник.

Од почетокот на новата војна меѓу израелската армија и милитантната исламстичка група Хамас, која ја има под ноктрола Газа, што започна пред две недели, загинаа околу 600 Палестинци и 29 Израелци.

Од нив 27 се војници,а другите двајца се цивили кои настрадаа во ракетните напади на Хамас врз израелската територија.

Водството на Хамас вели дека борбата што сега ја води има за цели укинување на израелската блокада.

Официјален Ерусалим објаснува дека воената операција ќе продолжи додека не бидат уништени тунелите преку кој терористите се инфилтрираат во Израел и нивната ракетна опрема со која се напаѓа израелската територија.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници