Еден маж денеска е застрелан откако со нож нападна тројца израелски полицајци во Источен Ерусалим.
Еден од полицајците е тешко повреден, а другите двајца се полесно, соопшти израелската полиција.
Напаѓачот опишан како „арапски терорист“ денеска е втор убиен извршител на напад со ладно оружје во Ерусалим. Утрово во сличен напад беа повредени двајца ултраортодоксни Евреи. Напаѓачот беше застрелан од полицијата и почина во амбулантното возило на пат кон болница.