Израелската армија почна голема воена операција во Појасот Газа

Од:

Израелската армија денеска соопшти дека почна голема воена офанзива против владејачкиот Хамас во Појасот Газа. Во операцијата погодени се најмалку 50 цели на палестинска територија.

Портпаролот на израелската армија потполковникот Петер Лернер изјави дека се нападнати и четири куќи на палестински борци, каде биле скриени ракети. Тој наведе дека поголемиот број од целите биле погодени од воздух.

– Армијата постепно ги интензивира нападите врз Појасот Газа и почна да ги регрутира резервистите за евентуална копнена операција, посочи потполковник Лернер.

Според израелската армија околу 300 ракети биле истрелани врз Израел од Појасот Газа во изминатата  недела, а вчера биле истрелани 80.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници