Израелската армија ќе ги прекине бомбардирањата на Појасот Газа денеска во период од пет часа, соопшти синоќа армиски претставник.
Првично беше најавен шестчасовен прекин на нападите.
Прекинот на нападите ќе почне во 7:00 часот по Гринич (9:00 часот по средноевропско време) и ќе заврши во 12 часот по Гринич (14:00 часот по средноевропско време).
Армијата на тој начин отвора „хуманитарен прозорец“, што ќе им овозможи на жителите на Појасот Газа да се снабдат со неопходните продукти.