Израелската армија го уапси претседателот на палестинскиот Парламент

Од:

Израелската армија го уапси синоќа претседателот на палестинскиот Парламент, Абдел Азиз Ал Дуак, член на Хамас, во рамки на операцијата за ослободување на тројцата млади Израелци, киднапирани во четвртокот на Западниот брег.

Израелската армија соопшти дека биле уапсени лица кои се вмешани во киднапирањето или имале информации за локацијата на која што се наоѓаат тројцата тинејџери.

Во операцијата синоќа биле приведени вкупно 40 лица, со што вкупната бројка на уапсените од четвртокот до денеска достигна 150.

Лицата кои што се уапсени синоќа се главно активисти на палестинската организација Хамас. За време на апсењата имало судири и протести. Според палестински извор во еден од судирите во близина на Рамала бил застрелан 20-годишен Палестинец, а бил ранет и еден Арап.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски