Израелската армија го блокира патот до Рамалах по убиството на двајца Израелци

Од:

Израелската армија ги блокира главните патишта кои водат кон палестинскиот град Рамалах, откако двајца Израелци загинаа, а двајца беа повредени при вооружен инцидент на Западниот Брег.

Армијата постави контролни пунктови на патиштата во градот, откако вооружен Палестинец отвори оган и уби двајца Израелци, а двајца повреди во окупираниот Западен Брег, јавија израелските медиуми.

Инцидентот се случи во близина на еврејската населба Офра, каде Палестинец во неделата рани седум луѓе.

Армијата соопшти дека напаѓачот излегол од автомобил и почнал да пука врз војници и цивили, а потоа избегал. Според армијата станува збор само за еден напаѓач, по кого се трага во регионот на Рамалах.

Претходно, Израелското воено радио објави дека напаѓачот бил застрелан од вооружени случајни минувачи.

Претходно денеска беше извршен напад со нож во Стариот град на Ерусалим. Полицијата соопшти дека напаѓачот се обидел да прободе Евреин, а потоа повредил двајца полицајци, кои успеале да го застрелаат.

Утрово, израелските безбедносни сили соопштија дека откриле и убиле двајца Палестинци осомничени за два одделни напада на Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан