Израелската армија ги уништи куќите на двајца осомничени за киднапирање на убиените израелски момчиња

Од:

 Израелската армија ги уништи домовите на двајцата главни осомничени за киднапирање на тројца израелски тинејџери, пронајдени мртви во близина на Хеброн, на Западниот брег.

Домовите на Маруан Кауасме и Амер Абу Ејше, членови на Хамас, биле целосно уништени. Израел ја обвини палестинската организација Хамас дека стои зад киднапирањето и убиството на тројцата млади, додека израелскиот премиер изјави дека Хамас ќе плати скапо за тоа.

Израелската армија изршила десетици напади врз воени објекти на Хамас и организацијата „Исламски џихад“ во појасот Газа, јави ДПА.

Според очевидци за помалку од десет минути биле нанесени над 25 удари од воздух. Нема повредени, бидејќи објектите биле евакуирани пред акцијата.

Хамас го обвини Израел дека го користи убиството на тинејџерите како причина за зајакнување на воените дејствија против палестинците. Портпаролот на Хамас ги отфрли сите обвиненија, дека движењето е вмешано во смртта на момчињата.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници