Израелската армија доби „зелено светло“ да влезе во Појасот Газа

Од:

Израелската армија доби „зелено светло“ да влезе во Појасот Газа „кога и да е подготвена“, изјави израелскиот министер за економија Нир Баракат.

Како што наведе, сега останува на израелската армија да одлучи кога тоа ќе се случи.

Баракат изјави за „Еј-би-си њуз“ дека уништувањето на Хамас е главната цел на израелската армија, дури и ако „потреба една година“.

„Ќе направиме се за да ги ослободиме заложниците, да ги вратиме дома живи… Но уништувањето на Хамас е првата и најважна задача“, рече Баракат.

Тој исто така рече дека тунелите на Хамас под Појасот Газа ќе бидат претворени во „најголемите гробишта во светот“.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа