Израелската арапска партија ја повлекува поддршката за Владата

Од:

Израелската арапска партија Раам синоќа го „суспендираше“ учеството во коалициската влада на премиерот Нафтали Бенет поради насилство на Платото на џамиите во Ерусалим.

Бенет го замени Бенјамин Нетанјаху како израелски премиер во јуни, обединувајќи разновидна коалиција од левица, центар, десница, но и Раам, првата арапска партија во израелската историја која е членка на коалициската влада. Благодарение на поддршката на Раам, коалицијата доби 61 пратеник, колку што е потребно за мнозинство во Кнесетот – израелскиот парламент.

Раам и неговите четворица пратеници синоќа изјавија дека „повеќе нема да ја поддржуваат“ коалицијата поради судирите меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во кои беа повредени повеќе од 150 Палестинци во петокот и околу 20 вчера на Платото на џамиите, третото свето место за исламските верници.

Платото на џамиите е во стариот град Источен Ерусалим, палестински сектор окупиран од Израел во 1967 година, потсетува Хина.

„Доколку владата продолжи со своите произволни мерки ќе поднесеме колективна оставка“, предупреди Раам во соопштението.

Оваа суспензија на учеството на Раам во коалицијата нема да влијае на владата на Бенет на краток рок бидејќи Кнесетот не заседава до 5 мај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски