Неколку лица беа ранети, кога ракета, истрелана од Појасот Газа, погоди бензиска станица во градот Ашдод, во јужен Израел, јави израелското радио.
Бензиската станица се запалила, што предизвикало неколку експлозии. Една од жртвите е во критична состојба, додаде радиото, без да го прецизира бројот на повредени.