Израелец лажел дека е елитен војник и разузнавач: Влегол во ИДФ и им украл еден куп оружје

Од:

Израелец кој никогаш не бил во војска е обвинет дека се претставувал како војник и крадел оружје откако се приклучил на армиска единица и се приклучил во борбата против Хамас.

Според обвинението поднесено во неделата, 35-годишниот Рои Јифрах ја искористил хаотичната ситуација по нападот на Хамас на 7 октомври за да се вклучи во борбените операции и да украде големо количество воена опрема, вклучувајќи оружје, муниција и чувствителна комуникациска опрема.

Израелските медиуми наведуваат дека тој поминал време борејќи се во Газа, па дури и се појавил на фотографија покрај премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на една од неговите посети на војниците на теренот.

Јифрах отиде во јужен Израел на 7 октомври и наизменично се претставуваше како припадник на елитните антитерористички единици, експерт за отстранување бомби и член на службата за внатрешна безбедност Шин Бет, се вели во обвинението.

Полицијата го уапси Јифрах на 17 декември и кај него пронашла оружје, гранати, воки-токи, униформи, дрон и друга воена опрема. Ејтан Сабаг, адвокатот на Јифрах, изјави за израелската телевизија Канал 12 дека Јифрах отишол на југ за да помогне како болничар во организација за одговор при итни случаи и храбро се борел за да го одбрани Израел повеќе од два месеци.

„Тој им помагаше на луѓето и учествуваше во спасувањето луѓе, сите под оган, додека се бореше и против терористите“, рече Сабаг. Израелската полиција приведе уште четири лица, меѓу кои и еден полицаец, во врска со кражбата на оружјето.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот