Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Од:

Израелските војници (ИДФ) отворија оган денеска врз шверцери на дрога во пограничната област со Египет, погодувајќи неколку осомничени, соопшти израелската војска.

ИД Фтврди дека војниците кои користеле надзорни камери забележале голем број осомничени на граничната ограда, во регионот на планината Хариф, пишува The Times of Israel.

„Припадниците на граничната воена служба, кои патролираа во областа на планината Хариф, отворија оган врз осомничените и погодија неколку од нив“, се вели во соопштението на ИДФ, додавајќи дека осомничените ја оштетиле граничната ограда во обид да прошверцуваат наркотици.

Инцидентите со шверцерите на дрога на египетската граница се чести, а понекогаш вклучуваат и размена на оган меѓу шверцерите и израелската армија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа