Израел успешно тестираше ласерски противракетен систем

Од:

Новиот израелски систем за противракетна одбрана успешно пресретна гранати, ракети и противтенковски проектили за време на неодамнешните тестови во пустината Негев, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Тој најави дека ласерскиот систем од израелско производство, кој ќе надополни голем број системи за противвоздушна одбрана како скапата „Железна купола“ распоредена во Израел, ќе профункционира што е можно поскоро.

– Целта е да се распоредат ласерски системи долж границите на Израел во текот на следната деценија, кои ќе бидат дел од ефикасен, евтин и иновативен „заштитен чадор“, рече Ганц.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет во февруари најави дека Израел ќе почне да го користи тој систем за една година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски