Израел: Убивме терористи во воздушен напад врз џамија на Западниот Брег

Од:

Израелската армија објави дека во воздушен напад ги неутрализирала „терористите“ кои се наоѓале во подрумот на џамијата Ал Ансар во Џенин, на окупираниот Западен Брег.

„Армијата изврши воздушен напад врз терористичкиот комплекс на агентите на Хамас и Исламски џихад, кои се одговорни за неколку терористички напади во последните месеци и подготвуваат нов терористички напад“, се вели во соопштението на израелската армија.

Директорот на Црвената полумесечина во Џенин, Махмуд ал Сади, како што јави официјалната палестинска агенција Вафа, изјави дека во воздушниот напад едно лице загинало, а три се ранети. Израелската армија изјави дека џамијата била „команден центар за планирање напади“ и „база за нивно извршување“. Армијата додава дека во саботата, на 14 октомври, оваа „терористичка ќелија“ организирала напад во близина на ѕидот што го дели Израел од Западниот Брег, користејќи експлозивна направа, во која немало загинати.

Десетици луѓе се убиени од израелската армија и доселеници од 7 октомври, денот на крвавиот напад на Хамас врз Израел од Појасот Газа, во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили. Во Појасот Газа повеќе од 4.300 луѓе, главно цивили, загинаа во постојаното бомбардирање на израелската армија, соопшти Министерството за здравство на Хамас.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад