Израел уапси повеќе од 200 Палестинци

Од:

Израелската армија соопшти дека утрово уапсила повеќе од 40 Палестинци на Западниот Брег, проширувајќи ја потрагата по тројцата исчезнати израелски тинејџери, за кои се верува дека ги киднапирале приврзаници на Хамас во четвртокот минатата недела.

Со денешното апсење вкупниот број на притворените Палестинци од киднапирањето досега достигна 200 лица, од кои повеќето се активисти на Хамас. Ова е најголемо апсење на членови на Хамас за речиси една деценија.

Најновите апсења се извршени во околината на градот Наблус, во северниот дел на земјата, со што потрагата е проширена, бидејќи претходно била фокусирана на јужниот грда Хеброн.

Армијата, исто така, соопшти дека израелски борбени авиони нападнале четири места за производство и складирање на оружје во Појасот Газа, како одговор на истреланата ракета во текот на ноќта од ова подрачје кон јужниот дел на Израел.

Според портпаролот на израелската војска, Петер Лернер, воздушни напади се извршени врз „центар за терористичка активност, два магацина за оружје и работилница за производство на оружје“.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници