Израел соопшти дека уапсил ирански шпион

Од:

Израелската разузнавачка служба „Шин Бет“ соопшти денеска, дека на 11 септември бил уапсен „ирански шпион“, кај кого биле откриени снимки од американската амбасада во Тел Авив.

Уапсениот маж, кој имал белгиски пасош, бил испратен во Израел од Иранската револуционерна гарда, тврди Шин Бет во своето соопштение, додавајќи дека шпионот е уапсен на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.

Мажот со име Али Мансури бил врбуван од единицата за специјални операции на Иранската револуционерна гарда, одговорна за голем број напади низ светот.

При испрашувањто 58-годишниот маж, што влегол во Израел под името Алекс Ман, признал дека Иранците побарале од него да ја искористи бизнисменската позиција за инфилтрирање во еврејска државна компанија со пари на иранските безбедносни служби, со цел да им наштети на израелските и западни интереси.

За своите активности тој требал да добие еден милион долари, се наведува во соопштението на Шин Бет.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски