Израел: Шестмина осомничени за убиството на палестинскиот тинјџер

Од:

Израелската полиција уапси шестмина осомничени за убиството на палестинскиот тинејџер, чие тело беше најдено запалено во ерусалимска шума во средата, неколку часа откако бил киднапиран во источен Ерусалим, пренесува Танјуг.

Израелски функционер потврдил дека еврејски екстремиски се осомничени за убиството на 16-годишниот Мухамед Абу Кадира. Медиумите тврдат дека убиството е одмазда за киднапирањето и убиството на тројца израелски тинејџери, чии тела беа пронајдени на Западниот брег, два дена претходно. Израелската полиција сега се сомнева дека мотив за убиството е националистички, но се разгледуваат и евентуални криминални и лични мотиви.

Палестинскиот врховен обвинител Мухамед Абд ал-Гани Увеили вчера изјави дека прелиминарната обдукција покажала дека момчето било живо запалено.

Убиството, а подоцна и начинот на кој е тоа е извршено, предизвикаа гнев кај палестинците кои излегоа на протести, кои прераснаа во нереди.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници