Израел приведе 15 лица на окупираниот Западен Брег, а според Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници, меѓу приведените има и неколку деца и поранешни затвореници.
Апсењата се случија во текот на ноќта во градовите Тулкарем, Калгилија, Џенин, Тубас, Салфит, Ерихон и Источен Ерусалим.
„Со ова бројот на Палестинци уапсени од израелските сили од 7 октомври наваму на 8.495“, соопштија организациите, пренесе Ал Џезира.
Организациите додаваат дека оттогаш во израелските затвори починале 16 затвореници. Телата на сите до еден ги држат израелските власти, спречувајќи ги семејствата да ги закопаат.