Израел предлага помош за умерените арапски држави

Од:

Израел е подготвен да им помогне на умерените арапски држави, кои се под закана на екстремистите, изјави денеска шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери во Париз.

– Екстремистите кои денес дејствуваат во Ирак се обидуваат да го дестабилизираат целиот регион на Заливот, пред се Кувајт. Израел би можел да предложи ефикасна и конкретна помош на умерените арапски држави, изложени на екстремистичките закани, посочи Либерман без да наведе детали.

Тој истакна дека интересите на Израел се исти со интересите на умерените арапски држави, бидејќи сите се соочуваат со иранската закана, со закана од џихадот и од Ал Каеда.

– Денес има основа за создавање на нова дипломатска и политичка архитектура на Блискиот Исток. Важно е земјите од регионот да формираат заеднички фронт против заканата на Исламска држава во Ирак и Левантот, посочи Кери.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници