Израелската армија распореди единица за ПВО во близина на Ерусалим. Одбранбениот систем Железна купола е поставен синоќа, јавуваат западни медиуми.
Израелските власти се загрижени дека сирискиот режим или некоја организација поврзана со Асад, како либански Хезболах, би можеле да го гранатираат Израел ако САд ги нападнат сириските сили заради нивна наводна употреба на хемиско оружје против цивили.
Израелската армија размести системи за ПВО, регрутираше мал број резервни војници и им подели на граѓаните гас-маски. Железна купола спречи стотици проектили испукани од екстремисти на Хамас од Појасот Газа, на југ во Израел.