Израел нема да се повлече од Појасот Газа

Од:

Израел воопшто нема да се повлече од Појасот Газа и ќе продолжи да дејствува во областа против заканите, изјави денес неименуван израелски функционер.

„Израел нема да се повлече од сегашната линија во Појасот Газа и ќе продолжи да ги елиминира сите закани за нашите граѓани и нашите војници“, рече функционерот, според „Тајмс оф Израел“.

Изјавата на функционерот потврди дека Израел продолжил јавно да се спротивставува на сегашниот план на Мировниот комитет, предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, за разоружување на палестинската милитантна група Хамас во Газа.

Во услови на континуиран израелски отпор кон планот, високиот претставник на Мировниот комитет за Газа, Николај Младенов, и високиот советник Арјех Лајтстоун, денес се сретнаа со премиерот Бенјамин Нетанјаху за да извршат притисок врз него да ги запре воените операции во Газа, објави „Аксиос“.

Би можело да ве интересира

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа