Најмалку две ракети беа истрелани синоќа од јужниот дел на Либан кон Израел, на што израелската армија одговори со артилериски оган, јави ИТАР-ТАСС.
Тоа е трет ракетен напад од Либан врз израелска територија од петокот досега.
Израелската полиција соопшти дека засега нема информации за жртви или материјална штета како резултат на рекетниот напад.
Армијата на Израел информира дека одговорила со артилериски оган на ракетниот напад од Либан, што беше потвредено и од либански безбедносни претставници.