Израел најави изградба на околу 1.300 куќи во еврејските населби на Западниот Брег

Од:

Повеќе од 1.300 нови домови ќе бидат изградени во еврејските населби на Западниот Брег, соопшти денеска Министерството за градежништво и домување на Израел.

Како што се наведува, распишани се тендери за нови куќи во седум еврејски населби.

Тоа е прва најава за ваква изградба откако Џо Бајден, кој изрази противење на проширувањето на еврејските населби, стана претседател на САД во јануари, јавуваат израелските медиуми.

Министерот за градежништво и домување, Зеев Елкин, изјави дека ветеното се исполнува и дека населбите во Јудеја и Самарија (библиското име на Западниот Брег) се зајакнуваат и прошируваат по „долг период на стагнација“.

Израелските медиуми на хебрејски јазик минатата недела објавија дека наскоро се очекува реализирање на плановите за изградба на повеќе од 3.000 нови станови за еврејски жители заедно со околу 1.300 палестински домови.

Градежните планови првично се очекувало да бидат одобрени во август, но биле одложени.

Палестинскиот премиер Мухамед Штајех денеска апелираше до земјите во светот, а особено до САД, да се спротивстават на Израел поради „агресијата“ што изградбата на населбите ја претставува кон палестинскиот народ.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа