Израел на сила евакуира палестински камп од терен за изградба на еврејска населба

Од:

Израелските сили за безбедност изминатата ноќ почнаа принудна евакуација на кампот од шатори, кренат од палестински активисти на терен што Израел го предвидел за населување, пренесоа француските медиуми.

Израелските сили рано утринава влегле во кампот и почнале расчистување на спорниот објект Е1 меѓу Западниот Брег и Источен Ерусалим, потврдија организаторите на протестот.

Околу 200 палестински активисти во петокот утрината направија камп, наречен Ба ал Шамс, со околу 20 шатори. Тие тврдат дека шаторите се сместени на приватна палестинска земја со одобрение на сопствениците.

Активистите побараа заштита од Врховниот суд, кој издаде забрана за евакуација.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху побара судот да да ја укине забраната и на армијата и нареди да ги протера демонстрантите, определувајќи го реонот како забранета воена зона, и ги затвори патиштата што водат кон местото на евакуација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски