Израел: Мохамед Деиф и Јахја Синвар се организатори на нападот на седми октомври

Од:

Израел издвои двајца високи членови на Хамас на врвот на својата листа, додавајќи дека секој член на Хамас се соочува со смрт поради нападот на 7 октомври.

АФП пренесува дека Израел жестоко ги лови воениот стратег Мохамед Деиф и политичкиот лидер Јахја Синвар, кои израелските власти ги опишаа како организатори на нападот на 7 октомври.

Пред израелската копнена инвазија на Газа, воениот портпарол, полковникот Ричард Хехт, го нарече Синвар „мртовец што оди“ и го опиша како „лице на злото“.

Министерот за одбрана Јоав Галант рече членовите на Хамас мора да се предадат или да се соочат со смрт.

„Терористите на Хамас имаат две опции: да бидат убиени или безусловно да се предадат. Нема трета опција“, рече Галант.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа