Израел ќе запре шест милиони долари од финансирањето за ОН во знак на протест поради резолуција

Од:

Израелските власти соопштија дека ќе запрат шест милиони долари од финансирањето за ОН следната година во знак на протест поради резолуцијата на Советот за безбедност, со која се бара прекин на изградбата на израелските населби на територии, кои Палестинците ги сакаат за своја независна држава.

САД се воздржаа од гласањето на 23 декември, со што резолуцијата беше усвоена со 14 гласа „за“. Израел и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повикаа Вашингтон да стави вето на документот.

Ваквиот потег на Израел кон ОН се однесува против „антиизраелските“ органи на светската организација, меѓу кои се Комитетот за спроведување на неукинатите права на палестинскиот народ и Одделот за палестински права.

– Не е разумно Израел да финансира органи, кои дејствуваат против нас во ОН. Светската организација треба да стави крај на апсурдната реалност, поддржувајќи органи чија единствена цел е антиизраелска пропаганда, истакна израелскиот постојан претставник во ОН, Дани Данон.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници