Израел ќе се кандидира за непостојана земја-членка на ОН

Од:

Израел синоќа најави дека планира да се кандидира за непостојана земја-членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот од 2019 до 2020 година.

Кандидатуратра ја најави израелскиот амбасадор во ОН, Рон Просор, но дипломатите од ОН посочуваат дека Израел нема лесно да стане непостојана земја-членка на СБ.

За една држава да стане непостојана членка на СБ на ОН мора да освои двотретинско мнозинство од гласовите во Генералното собрание на ОН, кое брои 193 земји-членки.

Израел повремено имаше функција на потпретседател на Генералното собрание, но никогаш не беше член на СБ.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски