Израел ќе гради уште три илјади станбени единици за еврејските доселеници на Западниот Брег

Од:

Израел ги објави плановите за изградба на уште три илјади станбени единици за еврејските доселеници на Западниот Брег, што е трета ваква најава во изминатите 11 дена, откако Доналд Трамп стапи на функцијата претседател на САД.

Трамп напомена дека има попозитивен став кон таквите израелски активности во однос на неговиот претходник Барак Обама.

Во соопштението на изралското Министерство за одбрана се посочува дека целта е да се одговори на барањата за живеалишта.

Веста беше објавена во пресрет на подготовките за исселување до 8 февруари на 330 доселеници од населеното место Амон на Западниот Брег, откако Врховниот суд утврди дека станбените објекти се градени незаконски на земја, која е приватна палестинска сопственост.

За 15 февруари во Вашингтон е закажана средба меѓу Трамп и изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Портпаролот на Трамп, Шон Спајсер изјави дека двајцата лидери меѓу другото ќе разговараат и за еврејските населби.

Најавата на Израел минатата недела за изградба на околу 2.500 живеалишта на Западниот Брег предизвика загриженост и кај Палестинците и во Европската унија. Неколку дена претходно израелските власти одобрија изградба на 560 живеалишта во Источен Ерусалим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви

ВИДЕО: 80 проценти од ракетите ја погодија целта тврди Иран, Израелците велат нема извештаи за повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски