Израел денеска им советуваше на граѓаните да не патуваат во Турција, наведувајќи го „јавното расположение“ како причина, по насилните протести во Анкара и Истанбул поради копнената офанзива на Појасот Газа.
Министерството за надворешни работи во Ерусалим истакна дека Израелците треба да избегнуваат посети на Турција, кои не се неопходни.
Овие совети можат да влијаат на комерцијалните воздушни врски меѓу Тел Авив и Истанбул, проширени во последните неколку години, додека овие две земји настојуваа да ги подобрат односите.