Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изјави дека САД и Израел гледаат исто на заканите од Иран, но дека се разликуваат во проценката кога може да дојде до момент за американска или израелска воена акција против Техеран.
Својата прва посета во Израел, како шеф на Пентагон, Хејгел ја искористи за да го нагласи својот став како еврејска држава која мора сама да процени дали ќе изведе превентивен напад на Иран.
-Ираел ќе донесе одлука, за да се заштити себе-изјави Хејгел.
Тој призна дека Израел и САД имаат потполно исто мислење за Иран, дека не смее да се дозволи да направи атомска бомба, но додаде дека може да постојат разлики во поглед на проценката дали лидерите на Иран се стремат да направат бомби.
Елена Георгиевска