Израел и Хамас договорија три паузи во Газа

Од:

Израелската армија и палестинската милитантна група Хамас се договорија за три одделни тридневни паузи во борбите во различни делови на Појасот Газа за да дозволат околу 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа, изјави Рик Пајперкорн, највисок претставник на Светската здравствена организација за регион.

Тој истакна дека кампањата ќе започне во централниот дел на Појасот Газа со тридневна пауза во борбите, по што ќе следат уште две тридневни паузи на југ и север од енклавата.

Пајперкорн додаде дека постои договор за продолжување на хуманитарната пауза во секоја зона на четврти ден доколку е потребно, пренесува Ројтерс.

На 23 август, СЗО потврди дека најмалку едно бебе било парализирано од вирусот на полио тип 2, што е прв таков случај на палестинска територија во последните 25 години.

Хуманитарната единица на израелската армија (COGAT) во средата објави дека кампањата за вакцинација ќе се спроведе во координација со израелската армија „како дел од рутинските хуманитарни паузи што ќе му овозможат на населението да стигне до медицинските центри каде што ќе се вакцинираат“.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа