Израел го олесни ембаргото врз испораките на градежни материјали во Газа

Од:

Израел го олесни ембаргото врз испораката на градежни материјали во секторот Газа, соопштија воени извори.

Постепеното покренување на израелската блокада на Газа беше еден од условите за постигнување примирје меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас, кое во целост ја контролира палестинската енклава.

Испораките на градежни материјали ќе продолжат додека ситуацијата по границата меѓу Израел и Газа е мирна.

Во замена за олеснување на ембаргото, Израел бара Хамас да го прекине шверцот со оружје преку границата со Египет.

Според извори од Газа, неопходни се деноноќни испораки на градежни материјали во продолжение од неколку години, за да можат да бидат задоволени потребите на градежниот сектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски