Израел ги зголеми воздушните напади врз Рафах, тенкови се пробиваат на северот на Газа

Од:

Израелски тенкови со воздушна и копнена поддршка денеска дополнително упаднаа во Џабалија на северот на Појасот Газа, јавуваат тамошните жители и Хамас, додека Рафах е исто така под воздушни напади.

Во Џабалија тенковите се движат кон центарот на кампот.

Жителите известуваат дека тенкови го гаѓаат центарот на кампот и дека се уништени десетици куќи. Израелската армија принуди стотици Палестинци да ги напуштат своите засолништа, пишува Ројтерс.

Во Рафах, во близина на границата со Египет, Израел ги засили воздушните напади врз источните делови на градот, при што загинаа луѓе во куќа во бразилската населба.

Жителите известуваат дека сега се стационирани тенкови на улицата Салахудин, која минува низ источните делови на градот, а автопатот е блокиран поради жестоките борби. Се додава дека источните делови на Рафах станале „град на духови“. Хамас објави дека неговите борци се борат со израелските сили на улиците источно од Рафах и источно од Џабалија.

Израелската војска неколкупати ги вклучи сирените во област во близина на Газа, предупредувајќи на потенцијален прекуграничен оган. Израелската војска доцна во саботата објави дека го спречила Хамас да ги обнови своите воени капацитети во Џабалија.

Бомбардираа насекаде, дури и во близина на училиштата во кои беа сместени бездомниците“, вели 45-годишниот Саед.

„Војната повторно почнува, така изгледа во Џабалија“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас